Македонија има два порази по два меча во квалификациите за пласман на ЕП 2021. По неуспехот со Естонија на домашен терен, избраниците на Александар Тодоров загубија и на гостувањето во Русија.

На овој натпревар, Андреј Магдевски заедно со Витингтон беа најефикасни на паркетот од нашиот тим со по 14 поени.

„Со ваква игра како денес, и како во второто полувреме со Естонија можеме да се надеваме на пласман на ЕП. Денес покажавме цврста игра и карактер. Но за жал одлучија детали за овој пораз. Треба да се верува во овој тим. Не е ништо завршено ќе се бориме до крај“. – изјави Магдевски.