Не стивнуваат реакциите по завршувањето на документарниот серијал на Нетфликс насловен „Последниот Танц“ посветен златната генерација на Чигаго Булс предводена од Мајкл Џордан.

Многумина останаа вчудоневидени од содржината, имаше и такви кои го осудија Ем-Џеј а дел од најголемите спортисти посветија и по некој збор за Џордан кој воедно бил нивната инспирација.

„Мислам дека го носам бројот 23 само поради Џордан. Заљубен сум во неговата игра и во тоа што го има постигнато.“ – вели Леброн Џејмс.

„Тој е повеќе од успешен човеок, мој пријател со натпреварувачки дух. Тоа што уште еднаш ја видовме неговата глад за резултат само не потсети дека и самиот не инспирирал за ние да станеме некој и нешто.“ – коментира Тајгер Вудс.

„Морам дак кажам дека кога бев млад не сакав да гледам кога некој зборува на ТВ, особено не политичари, но кога ќе го видев Џордан, тогаш се станува интересно.“ – вели Тери Анри.

„Тој е мојот идол, раснев со него Бекер и Едберг но Џордан е мојот вистински идол.“ – вели Рожер Федерер.

„Неверојатно беше кога го запознав во живо. Тој е многу добар и прекрасен човек. Бев дури и вознемирен кога ми пружи рака, тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот.“ – изјави Нејмар.