Гостувањето во Русија во 2 коло од Евроквалификациите за Македонија ќе биде дополнително отежнато по потврдата дека Ненад Димитријевиќ е надвор од конкуренција за настап.

Селекторот, Тодоров потврди дека младиот репрезентативец ја повторил повредата на задната ложа на денешниот натпревар против Естонија. Димитријевиќ почуствувал болки пред крајот на мечот и поради ова нема да патува во Русија.

Русите денеска загубија од Италија со 83:64 па својата шанса за први бодови исто како и нас ќе ја бараат на натпреварот закажан за во недела.