Македонската кошаркарска федерација се вклучи во кампањата на ФИБА Европа за промоција на кошарката меѓу девојчињата низ цела Европа, под мотото: „Нејзиниот свет, нејзините правила“

Неодамна, Одборот на ФИБА Европа и официјално ја одобри распределбата на нови средства за привлекување девојчиња во спортот на возраст од шест до 15 години преку глобална кампања наречена „Нејзиниот свет, нејзините правила“.

Проектот во Македонија, како што соопшти денеска федерацијата, а предвидено да стартува со почетокот на новата учебна година.

Проектот „HER WORLD.HER RULES“ е поддржан од некои од најистакнатите женски играчи во светот на кошарката, како што се Алба Торенс, Ема Месеман и Марија Вадеева.

„Мислам дека секој проект за стимулирање на младите девојки да играат кошарка или само спорт е одличен и тој треба да се промовира во максимум“ – вели Ема Месеман.

„Мислам дека е одличен проект да им помогнеме на малите девојчиња да се борат за своите соништа да играат кошарка. Таа дава толку многу вредности за животот, а ние учиме додека уживаме во убав спорт“, додаде  промоторот на кампањата Алба Торенс.