Македонската кошаркарска репрезентација в четврток против Есонија ќе го стартува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2021. Во пресрет на овој квалификациски прозор денес ФИБА ја извади ранг листата на која Македонија го завзема  29.место.

Нашата селекција е три позиции послабо рангирана од првиот противник во квалификациите, селекцијата на Естонија која е 26. Зад нашата селекција се наоѓаат единствено Швајцарија, Романија и Австрија.

Врвот е резервиран за селекцијата на Шпанија, а меѓу најдобрите десет кошаркарски репрезентации во Европа се наоѓаат уште и Франција, Србија, Литванија, Германија, Италија, Русија, Чешка, Турција и Грција.