ФИБА денеска го одреди ранкингот, според кој македонската селекција, заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска, е меѓу носителите.

Нашата најдобра машка селекција е меѓу четирите прворангирани пред утрешната ждребка која ФИБА ќе ја реализира во Берлин со почетоко во 16.30 часот.

Македонската, заедно со селекциите на Црна Гора, Летонија и на Шведска е поставена во првата, според квалитет, група од 12. селекции кои ќе играат во вториот круг од претквалификациите за пласман во оригиналните квалификации за местата кои водат на Светскиот Куп во 2023 година.

Тоа значи дека нашата селекција ќе ги одбегне топ-фаворитите за пласман во следниот круг – квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година

За потенцијални противници од вториот т.н. „шешир“, можеме да очекуваме некоја од четирите селекции како Романија, Данска, Австрија и Швајцарија. Додека во последната трета, и најслаба група се поставени: Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбеди пласман во следниот циклус од натпреварите.

Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11. до 28.август.