Македонија ги избегна накјдобрите четири репрезентации во квалфикациите за ЕП 2021 година, ФИБА објави дека ги дополнила правилата за ждрепката во понеделник.

Според тоа , Македонија е во шестиот „шешир“, противници можеме да добиеме од  вториот, третиот  и од седмиот, со тоа ги избегнуваме силните  селекции на , Шпанија, Франција, Србија и Литванија.

Македонија во „шестката“ е заедно со Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија и против овие репрезентации нема да игра во евроквалификацискиот циклус.

Триесет и две репрезентации од Европа ќе се натпреваруваат во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година, во Чешка, Грузија, Германија и во Италија.

Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година.

Осум групи ќе бидат составени од по четири тимови. Системот налага да секоја репрезентација одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и на гостински терен.

Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.

Ждребот е закажан за в понеделник (22. јули) во Минхен.