Европското првенство за кошаркари до 16 години, А дивизија идната година ќе се одржува во Македонија.

Кошаркарската федерација информираше дека ќе биде домаќин на шеснаесетте најдобри репрезентации од Стариот континент, вклучувајќи ја и нашата кадетска машка селекција откако на состанокот на ФИБА одржан изминатиот викенд, КФСМ ја доби довербата да организира уште едно Европско првенство.

„Покрај машката кадетска репрезентација која е единствена која се натпреварува во А дивизија, Кошаркарската федерација пријави уште младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните рангови – дивизии. Машките младински национални селекции до 16 години, 18 и до 20 години идното лето ќе учествуваат на континенталните првенства додека во женска конкуренција тоа ќе бидат младинските репрезентации до 16 и до 18 години.“  – соопштуваат од федерацијата.

Машкото кадетско Европско првенство ќе се одигра во Скопје од 14. до 22 август.