Македонската кадетска машка кошаркарска репрезентација ја победи Босна и Херцеговина со 76:64 на Европското првенство за играчи со 16 годони кое се одржува во Удине, Италија.

Со ова нашата селекција обезбеди опстанок во А-дивизијата за следниот континентален собир. По поразот од Русија, нашите млади надежи одиграа многу подобро и предводени од Митревски и неговите 25 поени дојдоа до посакуваниот триумф.

Во разигрувањето за пласман од од 9 до 12 место на ЕП, Македонија ќе игра со Словенија.