Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз во мундијалските квалификации, откако загуби на гостувањето кај Украина со 78:61.

Одличната игра во порвото полувреме и предноста од четири поени не беше доволна за да се обезбеди позитивен резултат.

Украинците во второто полувреме одиграа одлично во нападот, пред се во последниот период во кој на два пати дојдоа до предност од 17 поени.

Крстевски со 14 поени и Вајли со 12 поени и 9 скокови беа најдобрите во нашиот состав.

Во следното коло, во февруари, Македонија ќе и гостува на Грузија.