Македонската младинска репрезентација ќе игра против домаќинот во полуфиналето од ФИБА Челeнџерот во Шопрон

Унгарците ја завршија групната фаза со максимален ефект, совладувајќи ги Белорусија, Словачка и Косово со вкупна кош-разлика од 73 поени. Во директниот дуел за првото место, Унгарија беше подобра од Белорусија со убедливи (93:81).

Таа е единствена селекција која оствари три победи во групите од Челинџерот во Шопрон. Натпреварот е на програмата в сабота од 19.30 часот.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Швајцарија која беше првопласирана во групата со Македонија и Белорусија која на досегашните три меча победи на два од нив.