Покрај МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички, Македонија ќе биде претсставувана од десет официјални лица, од кои четири се судии, четири делегати и двајца супервизори.

На листата на судии кои ќе ја делат правдата во претстојната сезона во АБА 2 лигата се наоѓаат: Александар Давидов, Благоја Лазов, Боро Антовски и Владимир Крстевски.

На делегатската листа се ставени: Антонио Теофиловски, Зоран Николовски, Бобан Јосифовски и Сашко Терзиевски, додека пак во улога на контролори-супервизори се: Владимир Макревски и Петар Денковски.