Македонската јуниорска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, Б дивизија за играчи до 18 години.
Избраниците на Тони Симиќ ја совладаа Естонија со 92:75. Клучна во шестата победа во низа за нашите млади кошаркари беше играта во воведната четвртина во која постигнаа 30 поени а противникот само шест.
Во полуфиналето, нашата репрезентација ќе игра со победниот од дуелот на Израел и Шведска. Во второто полуфинале ќе се соочат Чешка и Полска по денешните победи над Португалија и над Грузија.
Comments are closed for this post.