Машката кошаркарска репрезентација, вечерва против Естонија го игра првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2021 година.

Естонија ни е стар должник, играат брза кошарка, селекторот Александар Тодоров има комплетен состав за дуелот вечерва .

„Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по пријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени “ – потенцира Тодоров.

Натпреварот, Македонија – Естонија с еигра вечерва со почеток во 20.15 часот во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.