Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација по неуспешната евроквалификациска приказна, ги дозна противниците но и термините за одигрување на пректвалификациите за пласман на СП 2023 година.

За 18 дена Македонија треба да одигра вкупно шест натпревар, ждрепката за групите во претквалификациите каде ќе играат и Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Романија, Шведска и Швајцарија ќе се одржи во март.

ФИБА ги утврди датумите и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите, која ќе биде реализирана на крајот на март.

Ќе се играат во периодот од 11. август, кога на програмата е првото претквалификациско коло, се до 28. август, кога по завршивањњето на шестот, ќе бидат познати осумте учесници во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Осумте најдобри, плус 24 учесници на ЕП, ќе тргнат во оној регуларен дел од квалификациите за СК кои ќе почнат во ноември, 2021 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (ако се играат поединечни натпревари, дома-гости) :

1.КОЛО – 11.АВГУСТ (СРЕДА)

2.КОЛО – 14.АВГУСТ (САБОТА)

3.КОЛО – 18.АВГУСТ (СРЕДА)

4.КОЛО – 21.АВГУСТ (САБОТА)

5.КОЛО – 25.АВГУСТ (СРЕДА)

6.КОЛО – 28.АВГУСТ (САБОТА)