Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години загуби од Швајцарија со 79:65 но и покрај ова се пласираше во полифиналето на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон.

Но во конечната разврска од групата „Д“, по три одиграни кола, се пласираше на второто место кое води во следниот круг

Имаме коректна прва четвртина во која Швајцарија стигна до водство со последниот обид (28:26).

Но не продолживме во исто темпо. Особено тоа се однесува за средишниот дел од натпреврот во кој Швајцарија покажа дека во овој момент е подобра селекција од нашата.

Селекторот Симиќ мораше да игра со уште пократка ротација, што се одрази на играта, токму во втората однпосно третата четвртина кога противникот изгради убедливо водство доволно за победа и пласмна во полуфиналето.

По одличниот почеток, Димитровски застана на 15. реализации, се подобриот Митевски имаше 17, но  беа единствените со двоен број на реализации.

По три одиграни кола, три селекции во нашата група завршија со ефект (2-1). А во „триаголникот“ со селекциите на Швајцарија и на Луксембург имаме втор најдобар резултат.

Утре е слободен ден на „Челенџерот“ во Шопрон. Во полуфиналето нè чека подобриот од средбата Унгарија–Белорусија која стартува од 19.30 часот.