Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија на Европското првенство Б – дивизија  ја победи Данска со 80-73  и закажа четвртфинале со Естонија.

Македонија одигра уште еден добар меч на овој континетален собир во Орадеа, Романија, иако играше без најдобриот поединец, Андреј Јакимовски сепак победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент против Данска.

Најефикасни во нашиот состав беа Марко Миловановиќ со 27  и Лејсон Зекири  12 поени. Мечот со Естонија го играме на 2 август со почеток од 17-30 часот.

Доколку оваа селекција на играчи до 18 години биде  меѓу првите три на шампионатот ќе игра во А-дивизијата.