Машката репрезентација на Македонија на играчи „Под 18“ години се враќа со две победи од гостувањето во Зрењанин, откако ја совлада Србија со 61:53.

Вечерва, избраниците на селекторот Никола Василев уште еднаш беа подобри од своите врсници од Србија. Славеа со сигурни (61:53), што е уште еден позитивен сигнал дека оваа наша селекција може да биде рамноправна, дури и подобра од оние кои важат како фаворити на претстојниот ФИБА „Челенџер“ во Скопје (од 3. до 8.август).

Уште едно добро издание имаше Филип Наков, стрелец на 15.поени, додека Амар Хот е вториот со двоцифрен број на поени во нашата јуниорска репрезентација,12.

По оваа победанашата селекција веднаш се враќа за Скопје каде ќе ги продолжи подготовките.