Девана Бонер, кариерата ќе ја продолжи во израелскиот тим Елицус Рамла. Со ова нашара репрезентативка ќе се врати во Европа каде претходно играше за тимови како што се Авенида, Надежда и УСК Прага.

Бонер во новиот клуб подготовките за престојниот дел од сезоната ќе ги започне на 19 јануари.

„Уште подобра опција за стручниот штаб на нашиот женски национален тим, ако се земе в предвид „близината“ на Израел, но и натпреварувачката форма во која ќе биде Бонер пред последните две квалификациски средби во „балонот“ во Рига. Инаку, Елицур Рамла е водечката екипа во израелската женска кошарка. Во овој момент имаат максимални седум победи во исто толку одиграни натпревари. Но со помош на Бонер, и нејзините американски колешки Тифани Мичел и Бетанија Лејни, очекуваат напад и на титулата во Евро Купот. “ – соопштија од КФСМ.