Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Европското првенство 2021 година ќе ги стартува на 20 февруари на домашен паркет против Естонија. Веднаш по тој дуел Макеонија гостува кај Русија и тоа во далечниот Перм.

Челниците на руската кошарка се решија да бидат домаќини во овој град во близината на Урал, кој е дури 3.000 километри оддалечен од Скопје. Ова ќе биде дополнителен напор за нашите кошаркари кои во тој дуел влегуваа како аутсајдери против моќната Русија. Средбата ќе се одигра во Универзалната спортска палата „Молот“, чиј капацитет е 7.000 гледачи.

За разлика од Русите, Македонската кошаркарска федерација сеуште го нема одредено местото каде ќе ги вгостиме Естонците. За потсетување по отказот на Давитков, Македонија на три месеци пред стартот на квалификациите е без селектор.

Во групата со Македонија е уште и Италија, која има сигурен пласман на ЕП бидејќи е еден од организаторите. Останатите три селекции ќе се борат за преостанатите две визи за континенталниот собир. Следното Европско првенство ќе се одигра во Прага, Тбилиси, Милано и Келн односно Берлин.