Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години денот за одмор на Европското првенство Б дивизија го користи за подготовка пред утрешниот четвртфинален меч со Естонија.
Нашите кошаркари со максимален учинок по пет натпревари се пласираа четвртфиналето а во последниот натпревар со Данска, селекторот Тони Симиќ имаше можност за поголема ротација.
Четвртфиналните натпревари на ЕП во Романија се закажани за утре:
13:00 Полска – Грузија
15:15 Португалија – Чешка
17:30 Македонија – Естонија
19:45 Израел – Шведска
Со евентуална победа над Естонија, нашата репрезентација ќе игра со подобриот од дуелот на Израел и Шведска.
Comments are closed for this post.