Откако поради Ковид-19, евроквалификациските натпревар во Талин беа одложени, најсилната кошаркарска репрезентација на Македонија доби потврда дека натпреварите со Естонија и Италија ќе ги игра во февруари во Перм, Русија.

Натпреварите ќе се играат од 19 до 21 фервуари 2021 година во Арената „Молотов“.

„Согласно со првичниот календар за натпреварување во групата „Б“, на 19. февруари треба да се играат натпреварите Македонија-Русија, односно Италија-Естонија. На 21. февруари пак се закажани мечевите Македонија–Италија, односно Русија-Естонија. Во очекување на одлуката на надлежната комисија, околу новите термини за одигрување на двете одложени средби на нашиот сениорски национален тим, против Италија, односно Естонија, од канцеларијата на ФИБА Европа посакуваат, сите национални тимови вклучени во квалификациите за Евробаскетот 2022 да го дочекаат наредниот февруарски „прозорец“ во добро здравје и состојба.“ – велат од КФСМ.