Македонската женска кошаркарска репрезентација назадуваше две позиции на најновите ранг листи во светски и во европски рамки.

Ова доаѓа непосредно по двата порази на квалификацискиот турнир во Рига, а потсетуваме Македонија не настапи на турнирот во Летонија поради Ковид-19.

Македонија сега е на 38 место на европското рангирање, додека на светското е на 75 место.

Прва на планетарниот ранкинг е САД, пред Австралија и Шпанија.