Македонија нема да има претставник во кошаркарската Лига на шампиони, натпреварување кое е под „палката“ на ФИБА. Иако, нашата земја доби можност да учествува со четири претставници во елитното натпреварување на ФИБА, ниедна екипа не ја искористила таа можност.

Единствен тим кој размислувал да се пријави бил  Куманово, но раководството на клубот на крајот одлучило на крајот да се откаже од оваа намера. Како најголема причина се наведува големите трошоци за патувањата.

Македонските клубови би играле три квалификациски кола до групната фаза од ЛШ, а ако испаднат се селат во Еврокупот на ФИБА.

Ова натпреварување сезоната  ќе биде драстично засилено, со поранешниот европски шампион Лимож, но и тимови како Ритас, Тофаш, Билбао и Дарушафака кои се преселија од Еврокупот на УЛЕБ.  На ваков чекор многу веројатно ќе се одлучи и грчкиот гигант Панатинаикос.