Кошаркарскиот клуб АВ Охрид продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона.Нема никаква дилема дека новиот тренер Марјан Илиевски буквално во Охрид го зема најдоброто од Блокотехна од минатата сезона.

По Данило Мијатовиќ,следен кој потпиша за АВ Охрид е бекот Марјан Младеновиќ кој се враќа во оваа екипа, со оглед на тоа дека претходно настапуваше за Охрид.

Ново име во редовите на Охриѓани е и македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ.Мекиќ минатата сезона настапуваше за Куманово, но од наредната сезона ќе биде дел од амбициозниот проект на АВ Охрид