КК Гостивар објави дека клубот  и Марјан Србиновски ја продолжуваат соработката и за наредната сезона во која екипата  има повторно големи амбиции.

Гостивар со Србиновски на клупата стигна до плеј-офот минатата сезона  и полуфиналето во Купот на Македонија.

„Имаме голема доверба во Марче, оваа сезона тој ќе има улога како тим-менаџерите во англискиот фудбал и покрај функцијата шеф на стручниот штаб, ќе ги води сите младински екипи во клубот. Наскоро ќе излеземе со плановите за новата сезона“, објави КК Гостивар.