Српскиот кошаркарски репрезентативец Бобан Марјановиќ официјално е нов играч на НБА тимот Далас Маверикс откако денес потпиша двегодишен договор со оваа екипа.

Веста ја потврди неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ.Популарниот Боби во Далас доаѓа од екипата на Филаделфија каде во просек постигнуваше по 8.2 поени и 5 скока по натпревар.

Во НБА лигата Марјановиќ настапуваше за тимовите на Сан Антонио Спарс и Детроит Пистонс.