Српскиот кошаркарски репрезентативец и член на турски Фенербахче Марко Гудуриќ ќе заигра во најсилната кошаркарска лига на светот НБА за тимот на Мемфис Гризлиз.

Оваа информација ја пласираше индиректно неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ на својот твитер профил .

“Нема никаква дилема, дека во околината на Прибој е забележан гризли” гласеше пораката на познатиот менаџер на твитер.

Гудуриќ две сезони играше ѕа турски Фенербахче,откако дојде од редовите на белградска Црвена Звезда.