Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го продолжи договорот со Далас Маверикс и во тимот од Тексас ќе игра и наредната сеона.

Дончиќ, кој по ланската сезона беше прогласен за „руки на годината“, од сезоната 2020/21 ќе заработува 8,5 милиони долари годишно, а се очекува по наредната сезона овој руки договор да биде далеку повисок. Што се однесува до оваа сезона, Дончиќ ќе добива 7,68 милиони долари годишно и се уште ќе добива плата по стариот договор. Покрај Словенецот, нов договор доби и Џастин Џексон.

Лука Дончиќ во својата деби-сезона во НБА-лигата во која одигра 72 меча на кои во сите беше стартер и имаше просек од 21,2 поени, 7,8 скока и шест асистенции по натпревар, бројки кои во својата руки сезона ги имале само имиња како Мајкл Џордан, Оскар Робертсон и Леброн Џејмс.