Легендарниот Меџик Џонсон се обиде да му објасни на светот колку добар играч е Стеф Кари.Ова доаша непосредно по извонредната партија на Кари во победата на Голден над Портланд и неговите 62 поени.

„Стеф Кари постигна рекорд во кариерата 62 поени! Продолжува да докажува дека тој е најдобриот „снајперист“ во историјата и претендент за титулата МВП со Леброн, Дејвис, Дурент, Кајри, Дончиќ, Каваи и Јанис!“ – напиша Меџик на Твитер.


Стеф Кари со личниот рекорд против Портланд потсети на неверојатните две сезони од пред неколку години кога Голден Стејт беше меѓу најдобрите во НБА лигата.