Еден од најпознатите европски спортски канали Еуроспорт објави мега интервју со легендата на македонската кошарка и актуелен претседател на КФМ Перо Антиќ.

Во интервјуто на турската редакција на „Еуроспорт“, уредникот Кузеј Килик ја опиша кариерата на еден од најтрофејните европски кошаркари со турскиот збор за војник (asker).

Антиќ во интервјуто говори за почетоците на својата кариера, за кошаркарската култура на Македонија, за неговото искуство во НБА лигата со Атланта, за Мајк Буденхолзер, за случувањата во Олимпијакос и неговиот однос со еден од најпознарите европски тренери Жељко Обрадовиќ.