Мемфис Гризлис се договорија за нова четиригодишна соработка со Џеред Џексон Џуниор.

Овој (крилен) центар ќе инкасира 105.000.000 долари од овој договор.

Мемфис инвестира во иднината, која тие сакаат да ја изградат, предводена од првата sвезда на тимот, Џа Морент.

Џексон одигра само 11 натпревари минатата сезона, непосредно пред крајот на кампањата, кога имаше просек од 14,4 поени и 5,6 скокови.

Следно, од него се очекува многу, што е логично, ако се земе предвид дека пред само три години тој беше четвртиот пик на драфтот.