Српскиот кошаркар и досегашен член на гевгелиска Блокотехна во новата сезона ќе го носи дресот на амбициозниот клуб АВ Охрид.

АВ Охрид потпиша договор на една сезона со Данило Мијатовиќ кој по Куманово, МЗТ Скопје и Блокотехна, сега ќе го облече дресот на тимот кој петта сезона ќе игра во најквалитетното кошаркарско друштво во Македонија.

Минатата сезона Мијатовиќ беше еден од најдобрите играчи на Блокотехна и прогласен за МВП на БИБЛ лигата.

фото:екипа.мк