Претседателот на КК Црвена Звезда Небојаша Човиќ на денешната вондредна прес-конференција објави дека  Милан Томиќ веќе не е тренер белградскиот гигант, откако си поднесе оставка.

Ова доаѓа по поразот од Крка во АБА лигата, а втор во серија во ова натрпеварување, откако претходно загубија на домашен терен и од Будуќност. Во следниот период, до именување на нов тренер, екипата ќе ја води помошникот Андрија Гавриловиќ.

Томиќ на дуелот со Крка на еден од тајмаутите беше видно разочаран од своите кошаркари на кои им рече да прават што сакаат. Црвена Звезда во рамки на Евролигата имаат исто така два порази и една победа и тоа против Фенербахче.

Поранешниот помошник тренер на Дуда Ивковиќ, во Олимпијакос на клупата на Звезда стигна на почетокот на минатата сезона, а во сезоната зад нас го освои домашното првенство и АБА лигата.