35-годишниот Милко Бјелица потпиша двегодишен договор со екипата на Морнар од Бар.

Искусниот српски центар по едногодишната авантура во Јапонија каде бележеше во просек по 13 поени и 4 скока, а ја освои и титулата, се враќа назад во Европа и во наредните две сезони ќе ги брани боите на Морнар во АБА Лигата.

Милко Бјелица е продукт на школата на Црвена Ѕвезда, со која ја освои и титулата во ова натпреварување во 2017-та година. Ова е второ засилување за наредната сезона за екипата на Морнар, откако претходно за оваа екипа потпиша и црногорскиот репрезентативец Сеад Шеховиќ.