СЕ НАДЕВА НА ПРИКЛУЧОК ВО ГОРНИОТ ДЕЛ ДО ТАБЕЛАТА

Мираковски задоволен од победата против Сутјеска: Денеска имаше залагање од сите, добро ги прифатија критиките после поразот од МЗТ

Кошаркарите на КК Работнички ја запишаа третата овосезонска победа во АБА 2 лигата откако во „балонот“ во Сараево славеа против Сутјеска со 84:62.

Воведната четвртина во која тимот од „Градски Парк“ постигна 26 а противникот 16 поени се покажа како пресудна по конечниот епилог. Кон средината од третиот период, Работнички дојде до поредност од 25 поени 61:36, разлика која одново ја имаа во завршницата од натпреварот.

Оваа победа на Работнички доаѓа по поразот од градскиот ривал МЗТ во Сараево. Посебно задоволство за денешниот настап изрази тренерот на Работнички Димитар Мираковски.

„Сите знаеме каков е овој турнир, колку се израмнети сите екипи, нема лесен натпревар, меѓутоа, нешто што променивме, моите играчи навистина се за честитка за овој натпревар. Не беше толку проблемот поразот од МЗТ, проблем беше пристапот во натпреварот. Денеска имаше залагање од сите, можам да кажам ги прифатија добро критиките после мечот со МЗТ и дадоа одговор како што треба“– изјави Мираковски.

Мираковски посебно задоволство изрази од играта во одбрана.

„Игравме добра одбрана, да сведеш екипа како Сутјеска на 62 поени, а пред некој ден знаеме дека дадоа 94 со Студентски, значи моите играчи се стварно за пофалба. Честитки, меѓутоа не смееме да се задоволиме со ова, направивме стварно добар тим и мора да продолжиме сега, да се надеваме дека во недела ќе победиме. Малку заостануваме поради тие три порази што не отидовме во Бања Лука, но до крајот ќе се бориме за да фатиме приклучок во горниот дел на табелата“– изјави Мираковски.

Во следното коло во АБА 2 во Сараево, Работнички ќе игра проитив Широги Брјег на 7 март од 12 часот.


Comments are closed for this post.

Незаборавно коло во Италија, фаовритите во втор план

ВИДЕО: Историја од Пандев, Јуве со пресврт против Парма, Интер се „сопна“ кај Специа

Неверојатен рекорд на македонецот

ВИДЕО: Историја во Италија, Горан Пандев официјално во топ 100 во Серија А!

Почна успешно приказната без Мурињо

ВИДЕО: Бејл и Сон реализатори на пресвртот на Тотенхем, деби победа за Мејсон