Кошаркарот на Феникс, Андреј Митревски е еден од најдобриоте млади кошаркари во Македонија и се најде на списокот на  на А селекцијата за мечевите од квалиикациите за ЕП. Тој  изјави дека без разлика што нема да се доигра сезоната во нашата земја, важно е ова лето да се искористи за тренирање.

„Првиот месец од карантинот го искористив, пред се, за одмор. И тоа беа денови испонети со многу сон, онлајн учење, квалитетна исхрана и едночасовен фитнес-стречинг во вечерните часови. Веќе после Велигден, почнав секојдневно да работам и со топка на училишното кошаркарско игралиште во мојата населба. „По корона кризата, односно дали ќе ги продолжиме натпреварите во јуни, или пак ќе ја чекаме новата сезона во октомври, според мене, и не е толку битно. Најважно е да го искористиме летото за тренирање“- изјави Митревски.

Митревски беше најефикасниот играч на Македонија на Европското кадетско првенство во Италија. Иако само со 16. наполнети години, Андреј Митревски влезе и во конкуренција за избор на најдобриот млад кошаркар за изминатата година.