Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Љубомир Младеновски не е повеќе дел од тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Младеновски и „металците“ постигнале заедничка согласност за раскин на договорот според кој центарот требаше да остане во Аеродром до крајот на следната сезона.

„Високиот центар изрази желба повторно да се проба во странство, по што управата на актуелниот шампион реши да му излезе во пресрет односно да не му пречи во обидот да оствари интернационална кариера. МЗТ Скопје Аеродром му посакува сѐ најдобро во понатамошната кариера.“ – стои во соопштение на македонскиот првак.

Младеновски оваа сезона во АБА 2 лигата настапи на 16 натпревари и оствари просек од 4,9 поени и 3,3 скокови.