Јуниорите на МЗТ Скопје по покана ќе бидат дел од традиционалното јуниорско првенство на АБА кое се игра според турнирски систем и тоа како единствен тим од второлигашката јадранска конкуренција.

Младите надежи на МЗТ ќе играат на квалификацискиот турнир во Задар кој се одржува од 28 ноември до 1 декември. На овој турнир учество земаат и Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Морнар, Копер Приморска и екипата на домаќинот. Најдобрите два тима ќе обезбедат пласман на финалниот турнир, кој ќе се одржи следната година, заедно со уште две екипи кои ќе бидат најдобри на собирот во Белград. Таму, силите ќе ги одмерат талентите на Партизан, Мега, Игокеа, Крка, Цибона и на Будуќност.

Јуниорите на МЗТ Скопје  минатата сезона ја освоија лигата на играчи до У18 години, а составен од кошаркари кои сега настапуваат за вториот тим на аеродромци кој под името МЗТ Скопје УНИ Банка се натпреварува во Првата лига.