Извршниот директор на Здружението на НБА играчи Мишел Робертс обелодени денеска дека кошаркарите во најголем број се против предлогот на раководството на Лигата според кој новата сезона би започнала на 22 декември.

Мнозинскиот одговор кој го добив од играчите на овој предог е негативен“, изјави Робертс

Сопствениците на екипите и кошаркарите добија рок до петок да одлучат дали ќе прифатат или одбијат колективен догово со НБА лигата, кој опфаќа и намалување на платите.

Робертс додаде дека предлогот детално се разгледува, напоменуваји дека одлуката нема да биде донесена до крајот на оваа недела.