Еден од тие клубови што се задоволни од распределбата на средствата од спортските ваучари е и МЗТ Скопје Аеродром, кој целосно ги подржа владините мерките за развој на спортот.

МЗТ Скопје Аеродром според овој систем минатата година доби 237.000 евра, додека оваа сума за 2020 година е уште поголема и изнесува 257.000 евра, што е огромна помош за нас во обидот достојно да ја претставуваме Македонија на просторот на поранешна СФР Југославија. Нашиот втор тим, пак, на ланските 33.000 евра годинава доби дури 80.000 евра, со кои и ќе продолжиме да го надградуваме овој проект за развој на младинската кошарка и на давањето вистинска шанса на талентите од целата држава. Со овие средства, државата ни дава огромна помош за да опстоиме во интенциите да направиме младинска школа со која таа ќе се гордее и која ќе им конкурира на најдобрите на целиот Балкан. Настапот на нашата јуниорска екипа на неодамнешното првенство на АБА, каде што добивме само пофалби од најдобрите на Јадранот е само доказ дека сме на вистински пат“, велат во МЗТ.

Оваа година за развој на спортот се предвидени 10 милиони евра во вид на ваучари, кои се веќе распределени по федерации.