Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром без поголем проблем го совлаа Вардар со 100:67 во заостанатиот натпревар од 3 коло од оваа сезона во домашното кошаркарско првенство.

По израмнетото првото полувреме, во вториот дел „Металците“ постигнаа 57 поени, за разлика од домаќинот кој застана на 30 поени.

Седум играчи на МЗТ Скопје Аеродром имаа двоцифрен ефект, Олуџоби се издвои со 17 поени и 10 скокови.

За Вардар а воедно и на натпреварот најефикасен беше Диксон со 18 поени, 3 скокови и 2 аситенции.