Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром и во новата натпреварувачка година ќе биде дел од АБА 2 лигата.

Ова е одлуката на раководството со која се демантираат најавите дека „металците“ се пријавиле за учество во Лигата на шампионите на ФИБА. МЗТ Скопје Аеродром оваа година не успеа да се пласира во АБА 1 лигата откако беа поразени во бараж серијата против Задар.

Засега нема потврда за посериозни промени во ростерот на Ѓорѓи Кочов иако извесно е дека американцеот  Медфорд ќе го напушти „Јане Сандански“ а тоа веќе го стори Вудард.