Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром не ја доби посакуваната промоција во првата АБА лигата, затоа што комисијата на натпреварувањето и даде уште една шанса на Проморска да ги надмине финансиски проблеми.

Ултиматумот е до ждрепката закажан за средината од следниот месец, ако успее Приморска да се стабилизира тогаш МЗТ Скопје Аеродром ќе остане во втората АБА лига, во спротивно ќе добие промоција а Приморска ќе биде исклучена од елитниот ранг.

Од Приморска денеска дале ветување дека ќе успеат да ги надминат финансиските проблеми, но за ова немаат многу време.

Доколку МЗТ Скопје Аерородром не добие промоција тогаш во следната сезона можно е да настапува заедно со КК Работнички во 2 АБА лига.