Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот му гостува на Нови Пазар во натпревар од 21 коло од АБА 2 лигата.

Тренерот на „Металците“, Ѓорѓи Кочов пред дуелот со последнопласираниот на табелата предупредува дека ова нема да биде лесен натпревар за неговите кошаркари.

„Пред нас е исклучително тешно гостување, пред се поради фактот што на домаќинот оваа средба му е многу важна во битката за опстанок во АБА 2 лигата. Станува збор за жежок терен, на кој секогаш тешко се игра, Но, во Нови Пазар одиме да го дадем својот максимум и ако го испочитуваме системот и договореното тогаш ќе имаме шанси да се радуваме на крајот.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром е во низа од четири порази а на првото овосезонско соочување со Нови Пазар во Скопје победи со 89:87.