Станува извесно дека МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона ќе игра во АБА 1 лигата и покрај тоа што сезоната во АБА 2 лигата заврши предвреме а последните најави беа дека „металците“ и в година ќе играат во втората по квалитет конкуренција.

Според црногоскиот портал вјести.ме, МЗТ Скопје Аеродром ќе биде дел од елитата откако Приморска ја загуби лиценцата.  Во втората АБА лига, Македонија нема да има представник откако КК Работнички ја одбил поканата за учество.

Ова секако останува да биде потврдено од раководството на АБА лигата.