МЗТ Скопје е пред враќање во АБА лигата откако екипата на Приморска не добила лиценца за настап во првенството на Словенија, со тоа нема да има право на учество и регионалното натпреварување.

Приморска не успеала да ги покрие финансиските загуби и со тоа не успеа да добие лиценца од кошаркарската федерација на Словенија.

Клубот од Копер има долг од 1,5 милиони евра, поради тоа не доби лиценца за настап во елитата на својата земја.

Сега МЗТ Скопје е прв фаворит за враќање во АБА 1, нашиот тим беше трет во АБА 2 и со тоа може да добие покана за враќање во елитниот дел од регионалното натпреварување.