Домашното елитно кошаркарско првенство тргна а актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром добро се намачи за да слави на гостувањето кај Кожув (76:78). Анунва со 18 и Крстевски со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав, за домаќинот се издвои Пејн со 16 поени.

Предходно, Еуро Никел славеше на гостувањето кај Вардар со 92:82 а Гостивар без поголеми проблеми мина на домашен терен против ФМП со 95:75.

Во последниот натпревар од денешната понуда, Куманово го совлада Пелистер со 84:79.