МЗТ Скопје победник во Суперкупот, во драматични 40.минути, екипата од Аеродром за поен подобра од Работнички со 79:78.

Не може да има подобар почеток на една нова сезона во македонската клупска кошарка од натпревар во кој се среќаваат двата наши најтрофејни клубови, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Конечно по една долга пауза, со присуство на навивачи, со препознатлив декор, на двете страни од гледалиштето.

Така беше вечерва, во СРЦ „Кале“, каде се играше натпреварот од Суперкупот, кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“.

„Предизвикувачот“, Работнички го имаше почетното водство. По нецели четири минути од играта, „црвено-белите“ водеа со (10:4). По заслуга на двете тројки кои дојдоа од Мустафица и Мацура.

Двете екипи доста тешко доаѓаа до поени. Но Работнички го чуваше водството, Имаа плус 7, (17:10) во осмата минута од Суперкупот во „Кале“.

Но со серија од (8-1), во која учествуваа Мекиќ и Крстевски, екипата од Аеродром постави нерешени (18:18) на крајот на првата четвртина.

Работнички подобро ја отвори и втората четвртина. Се одвоија „гостите“, условно кажано, на плус од шест поени (26:20). Брзиот Емерсон им задаваше многу проблеми во одбраната на „металците“. Новиот бек на Работнички прв дојде до двоцифрена бројка на поени, го следеше, со тројка и Мустафица (за 11.поен), за (32:28) по 15.минути игра, и тајм-аут на тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ.

По втор пат на натпреварот тимот од Аеродром успеа да израмни. На (35:35), во последната минута од првото полувреме во кое капитенот Стојановски запиша десет реализации.

Но најдобриот поединец во тимот кој сега го предводи Тони Симиќ, Емерсон, со својата 14.реализација, ја врати предноста, ја намали Мекиќ, за „минималец“ на Работнички (37:36).

По трет пат на средбата, Работнички поведе со шест поени (42:36). Но уште еднаш „сино-белите“ направија серија, сега од (11-0), со која и го превземаа водството. Имаа плус 7 (49:42), по нецели пет минути игра во продолжението.

За момент ја прекина Емерсон, макар и од линијата за слободни фрлања, кога на семафорот стоеја 2:50 минути до истекот на третата четвртина. Но „металците“ уште еднаш дојдоа до двоцифрени (60:50). А во финалните секунди од третиот дел нивната предност беше изразена со уште повисоки (67:54), откако Мекиќ погоди тројка (негов 17.поен) од осум метри. Во тој дел од играта актуелниот шампион реализира дури 31, наспроти 17. поени на вечниот нивни противник.

Тројката, прва за Марковски, го врати назад во мечот тимот од „Градски парк“. Се спуштија на едноцифрен минус (64:72), кога останаа да се доиграат 6:45 минути од овој возбудлив натпревар. Серијата, на (10-2) ја продолжи Мацура, за уште пониски (72:66).

Тука не застанаа, напротив, дојдоа и до -2 (70:72), по поентирањето на Емерсон. Но, екипата од Аеродром го имаше одличниот Мекиќ, кој со два точни обиди за три поени, стави крај на празниот период, и нешто побезбедни (78:72), на три минути пред крајот.

Сепак, двете екипи ја дочекаа последната минута од Суперкупот со резултат (79:78) за МЗТ Скопје Аеродром. Мекиќ не полоши за победа, но пожртвуваноста на највисокиот актер на мечот, Рикиќ беше пресудна.

СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ:

2000: Никол Ферт – Гостивар

2001: Работнички – Скопје

2002: Никол Ферт – Гостивар

2003: МЗТ Скопје – Скопје

2004, 2005, 2006: не се одржа

2007: Струмица 2005 – Струмица

2008, 2009, 2010: не се одржа

2011: Работнички – Скопје

2012, 2013, 2014: не се одржа

2015: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2016: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2021: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје