Екипата на МЗТ Скопје го декласираше тимот на КК Ангели со (77-117) со што стигна до шестата победа во седмиот натпревар во рамки на кошаркарската Суперлига на Македонија.

Екипата на КК Ангели која е последна на суперлигашката табела ,  немаше никаква шанса за евентуално изненадување бидејќи екипата од Аеродром комплетно го контролираше мечот , од самиот почеток до крај, притоа полнејќи го кошот на домаќините за убедлива победа од 40 поени разлика.

Мекиќ со 19 и Дамјан Стојановски со 17 поени беа најефикасни во домашниот состав, додека прв стрелец на КК Ангели беше Мандерсон, кој оствари дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови.